Општина Велес како и секоја општина има свои карактеристики во однос на местоположбата, патната инфраструктура и степенот на економски развој. Основната цел и работа на општината треба да биде како максимално да ги искористи овие особености и да ги прилагоди кон континуиран развој според ресурсите со кои располага. Потребна е поголема вклученост на граѓаните во јавните расправи пред донесувањето на програмите, вклучување на младите во проекти со нивни предлози и идеи за нивно активно вклучување во работата на општината, професионална и квалитетна услуга на граѓаните од страна на општинската администрација која треба да биде адекватна и едуцирана, целосна реализација на капиталните инвестиции и годишните програми на општината, особено за Програмата за уредување на градежно земјиште и Програмата за јавна чистота и зеленило, искористување на можноста за соработка со државните институции, меѓународните институции и фондови, како и поволните кредитни линии кои ги нудат за реализација на капитални инвестиции, континуирани средби со бизнис-секторот заради подобра соработка и создавање услови за побрз економски развој на општината со изградба на индустриски зони со нудење на поволности за изградба на индустриски објекти заради нови вработувања со што би се задржале младите и општината би имала поголем прилив на средства во буџетот, искористување на туристичките потенцијали на езерото Младост каде што забрзано се инвестира, но можностите се многу поголеми и треба да се искористат во наредниот период.







