Македонија2025 со гордост ја објавува листата на 43 нови добитници на стипендија „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност за академската 2025/2026 година. Стипендиите се доделуваат на студенти запишани во прва година на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се истакнуваат со исклучителен академски успех, мотивација и потенцијал за личен и професионален развој.
Секој стипендист ќе добие 2.500 американски долари годишно (во денарска противвредност), со цел да им се овозможи поддршка за успешно продолжување на високото образование. Оваа значајна финансиска поддршка е овозможена од фондацијата „Атанас Близнакоф“, која со четири генерации последователно ја покажува својата верба во младите таленти на Македонија.
Стипендијата е наменета за редовни студенти кои имаат постигнато високи резултати и покажале значајни вклучувања во образовни и лични активности, но се соочуваат со ограничени финансиски можности за понатамошно школување.
Македонија 2025 ја претставува новата генерација на стипендисти, талентирани и амбициозни студенти кои се движечката сила на идните општествени и економски промени.
Посебна чест ни е да истакнеме дека оваа година имаме вкупно 43 добитници, наместо вообичаените 40, бидејќи последните кандидати имаат идентичен број поени и ја делат истата рангирана позиција.
Со гордост ја објавуваме листата на добитници за академската 2025/2026 година:
|
Бр. |
Име и презиме |
Факултет |
|
1 |
Аделина Крстовска |
Правен факултет „Јустинијан Први“ |
|
2 |
Александар Ристовски |
Факултет за музичка уметност |
|
3 |
Александра Спасовска |
Медицински факултет |
|
4 |
Ана-Марија Биневска |
Филозофски факултет |
|
5 |
Бисера Трајковска |
Медицински факултет |
|
6 |
Блерта Сакипи |
ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
|
7 |
Вања Василевска |
Машински факултет |
|
8 |
Глигор Манчев |
Машински факултет |
|
9 |
Глорија Николиќ |
Природно-математички факултет |
|
10 |
Давор Димоски |
ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|
11 |
Дарко Каревски |
ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
|
12 |
Дејана Василева |
Економски факултет |
|
13 |
Диана Таировска |
Медицински факултет |
|
14 |
Димитар Најдовски |
ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
|
15 |
Евгениј Стоименов Јосифовски |
ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|
16 |
Елена Ристова |
ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|
17 |
Ема Богданоска |
Природно-математички факултет |
|
18 |
Емил Мицевски |
Природно-математички факултет |
|
19 |
Зорица Ристеска |
Фармацевтски факултет |
|
20 |
Ивана Саревска |
Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
|
21 |
Иво Тојтов |
Природно-математички факултет |
|
22 |
Ивона Петрова |
Стоматолошки факултет |
|
23 |
Илза Рустеми |
Природно-математички факултет |
|
24 |
Јана Петковска |
Медицински факултет |
|
25 |
Јана Николовска |
Факултетот за ликовни уметности |
|
26 |
Јован Ѓуревски |
ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
|
27 |
Камелија Станковска |
Факултет за музичка уметност |
|
28 |
Константин Младеновски |
Економски факултет |
|
29 |
Луциа Василеска |
Медицински факултет |
|
30 |
Маја Малеска |
Медицински факултет |
|
31 |
Марија Стоименовска |
Економски факултет |
|
32 |
Марта Колевска |
Машински факултет |
|
33 |
Матеја Трајковиќ |
Фармацевтски факултет |
|
34 |
Мелани Арсова |
Медицински факултет |
|
35 |
Мелани Максимовска |
Медицински факултет |
|
36 |
Милана Бундоска |
Економски факултет |
|
37 |
Наталија Петровска |
ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|
38 |
Наталија Тасевска |
ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
|
39 |
Никола Илиевски |
Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
|
40 |
Ристијан Ристески |
ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
|
41 |
Сара Лимани |
Природно-математички факултет |
|
42 |
Софија Шаклевска |
Природно-математички факултет |
|
43 |
Стефанија Јованова |
Економски факултет |
Правото на користење на стипендијата започнува по доставување потврда за статус на редовен студент запишан во прва година на прв циклус студии при УКИМ во академската 2025/2026 година. Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку фондацијата „Атанас Близнакоф“.
Како долгогодишен партнер на фондацијата, Македонија2025 ќе го следи напредокот и постигнувањата на стипендистите и ќе ја обезбеди континуирана поддршка во наредните години.
„Исклучително сме благодарни на фондацијата ‘Атанас Близнакоф’ за континуираната поддршка во унапредувањето на високото образование и создавањето силна база на таленти во Македонија. Заедно градиме иднина во која знаењето, иновациите и вредностите носат напредок,“ стои во пораката од Македонија2025.
Им упатуваме искрени честитки на сите добитници, со желба оваа стипендија да биде силен поттик кон реализација на нивните академски и професионални амбиции!







