За подобри услуги на општината потребно е општината да овозможи електронско поднесување и добивање на сите документи кои ги бараат граѓаните од општината. Во време на оваа пандемија се покажа дека онлајн функционирањето и дигитализацијата на услугите се неопходни за нормално функционирање, а освен во време на пандемија дигитализацијата во нормални услови ќе им овозможи на граѓаните и на субјектите кои функционираат во општината ефикасност, економичност и експедитивност. Со ваквата дигитализација и самата општина ќе биде поефикасна, а исто така поеколошка и во крајна линија поекономична заштедувајќи на печатење на хартиени документи и слично. Од оваа пандемија која нè натера на онлајн функционирање и дигитализација треба да се прифатат ваквите начини на работа и на услужување за во иднина како секојдневни и за евентуални слични ситуации општината да биде спремна во секое време да продолжи нормално да ги услужува своите граѓани без застој.







