Фискалната 2020/21 беше добра година за EOS-групацијата. Заработката пред оданочување беше на охрабрувачко ниво во целина. Инвестиравме 534,3 милиони евра во побарувања, што беше пониско отколку во претходната година (651,3 милиони евра) и помало од планираното како резултат на пандемијата, но од наша перспектива постојаниот раст продолжува.
Како и претходната година, и во фискалната 2020/21 останавме стабилни и покрај сите предизвици со кои бевме соочени од пандемијата на групациско ниво.
Минатата година успеавме да им помогнеме на околу 2 000 наши сограѓани и со нашите залагања се обидовме да го направиме нивниот свет подобар, без долгови. Оттука произлегува и посветеноста на ЕОS кон општеството и нашата одговорност, а клучните корпоративни одговорности за нас беа и остануваат уште подобра и поодговорна наплата на побарувањата, придонес кон финансиската стабилност на економијата, одговорно однесување кон климатските промени и кон подобрување на општественото живеење, а со тоа активно придонесуваме кон развојот на општеството.






