Европската земја воведува туристички данок поради приливот на посетители

Норвешките пратеници во четврток го потврдија воведувањето туристички данок за да помогнат во финансирањето на надградбите и подобрувањата на инфраструктурата во време кога земјата доживува вистински туристички бум што има сериозни последици врз локалната средина.

Новиот закон предвидува данок од три проценти за сместување, а би можел да се примени и на крузерите што се закотвуваат по должината на брегот, особено во областите кои се изложени од приливот на туристи.

Норвешка минатата година забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа странски туристи. Норвешките фјордови и живописната околина привлекуваат сè повеќе посетители во земјата. Сепак, јавните тоалети и паркинзите се под опсада на туристите, што често води до конфликти со локалното население. Собраните средства ќе бидат исклучиво наменети за подобрување на туристичката инфраструктура, пренесува Пословни дневник.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано