Европската комисија сака да спречи искористување на трудот на практикантите

Половина од практикантите во ЕУ не се платени!

Европската комисија сака да го подобри статусот на практикантите и да донесе закон со која ќе се спречи искористувањето на лицата како евтина работна сила. Брисел се обидува на овој начин да го надмине проблемот со недостиг на квалификувани работници. Според податоците на ЕК, во Европската Унија во 2019 година имало над три милиони практиканти, од нив половината не биле платени.

Практичната работа може да биде прво работно искуство за младите луѓе. Но тоа мора да биде квалитетна, со јасна компонента на учење, а тоа мора да биде и платено, изјави европскиот комесар за труд Никола Шмит.

Во предлозите на новиот закон се предвидени и исклучоци за ангажирањето на практикантите, кои би се плаќале поинаку од другите вработени, но за тоа мора да има и објективни причини. Оваа можност би се однесувала за работните задачи кои бараат помала одговорност или помал вложен труд.

Основната намера на ЕК е да се оневозможи практичната работа да биде замена за редовните работни места. За Европската конфедерација на синдикатите, предложената директива не е доволно строга. Со неплаќањето на практичната работа би биле исклучени младите лица од работничката класа од повеќе занимања, затоа што не би сакале да работат бесплатно, објави Дојче веле.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано