Во јунскиот број ќе читате…
Мега интервју со Вилма Учета Дузлевска, Извршен директор на Триглав Осигурување Живот: СИЛНО СМЕ ФОКУСИРАНИ НА РАЗВОЈ НА БАНКООСИГУРУВАЊЕТО
Ние ќе зборуваме за развиен осигурителен пазар тогаш кога задолжителните класи ќе ги сведеме под 20 % во вкупната премија на пазарот.
Интервју со Н. Е. АНДРЕА СИЛВЕСТРИ, aмбасадор на ИТАЛИЈА: ИТАЛИЈА ОТСЕКОГАШ БИЛА МЕЃУ НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Италија е цврсто убедена дека се создадени сите услови за да се продолжи уште веднаш со усвојување на преговарачките рамки и со свикување на меѓувладината конференција за Северна Македонија и Албанија…
Интервју со Дан Бронштејн, претседател на УО на Солвеј инвестмент груп: РУДАРСТВОТО НЕ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ СПОРЕД СТАРИТЕ ПРАВИЛА И НАВИКИ
Сите оние кои ќе се обидат да го сторат тоа ќе останат без поддршка од финансиските институции, ќе се соочат со општествените предизвици и ќе го напуштат пазарот…
Интервју со Марјан Николов, Драган Лазаров и Златко Коцев, партнери во „Ботега дел Густо“: СМЕТАМЕ ДЕКА ДОАЃА ПЕРИОД НА ЗАКРЕПНУВАЊЕ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА, ОСОБЕНО ВО СЕГМЕНТОТ НА ХРАНА
Направивме анализа на пазарот и увидовме дека всушност свежи деликатесни производи со потекло од Италија речиси и да нема и се ограничени на неколку селектирани маркети, и тоа во мал број, и при тоа таа понуда не ги задоволуваше пребирливите вкусови.
Зоран Јовановски: Сивата економија е државен непријател број 1
Ако не разбереме дека сивата економија е државен непријател број 1 тогаш времето ќе покаже дека за тоа ќе платиме многу висока цена.
Гордан Георгиев: Кандидатите, а не партиите
Победата или поразот ќе се мерат со победата во Скопје и скопските општини и евентуално по бројот на освоени вкупни гласови на партиите за советнички места…
Драган Тилев: Месец посветен на Западниот Балкан(во Брисел). Дали е тоа доволно?
Да не заборавиме, со првата меѓувладина конференција нема да ги завршиме, туку само ќе ги започнеме пристапните преговори.
Горан Петревски: Кремот на кремот – приказната за американските универзитети
Во многу прилики, кога разговарам со моите колеги за светските високообразовни практики, најчесто ги слушам следниве оправданија: „не можеме да се споредуваме со нив“, „таму се поинакви условите“, „состојбата кај нас е специфична“ итн. Всушност, овие фрази служат само да се прикрие стравот од промените, кој пак произлегува од желбата да се задржат удобноста и привилегиите…
Виолета Цветкоска: КЛУЧНИ ВЕШТИНИ НА ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ ВЕК: АНАЛИТИКА НА ГОЛЕМИ ПОДАТОЦИ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Интелектуалниот капитал е семето за прогрес на една држава. Стекнувањето на вештини за аналитика на големи податоци и вештачка интелигенција е водата која му е неопходна на семето за да никне и да се развива во оваа дигитална ера…
Тркалезна маса: “ИДНИНАТА НА WB6: ВО ЕУ ИЛИ ПОКРАЈ НЕА?”
– Фрек Јанмат, главен на економскиот оддел при Европската делегација во Северна Македонија
– Марјан И. Бојаџиев, универзитетски професор
– Гордан Георгиев, универзитетски професор
– Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан
– Марина Андева, универзитетски професор
Прилог за Општина Гостивар во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА – ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ
– Интервју со Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар
– Анализа на буџетот на општината
– Ставови на членови на Советот на општината
– Ставови на претставници на бизнис заедницата
Димитар Фуна: SPACs : Инвестициски (не)прилики во финансиски меур кој чека да пукне
Специјалните компании за преземање се компании без каква било деловна активност, без приходи, без средства и без вработени. Всушност, идејата на овие компании е да издадат акции на пазарите на капитал…
Елена Кузмановска: Пазарот на труд, мерките за помош и показатели во САД
Последните податоци дојдоа како потсетник дека и американската економија која се гледаше како пример за успешно справување со корона кризата, сеуште е далеку од заздравена.
Дејан Јанчевски: ПРЕКУМЕРЕН ФИНАНСИСКИ СТИМУЛ ВОДИ КОН НАДМИНУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ БДП И КРЕИРАЊЕ ИНФЛАЦИЈА
Од аспект на споменатиот пакет мерки на САД, предвидувањата се дека БДП ќе може да се врати на нивото од пред пандемијата кон крајот на 2021 година, а во 2022 година тој би го надминал нивото на потенцијалниот БДП за 2,6 %…
Ивор Мицковски: Израелско-палестинскиот конфликт сè повеќе наликува на граѓанска војна
ЕУ во овие неколку недели не успеа да излезе ни со еден макар декларативен и заеднички став, се разбира поради веќе неизбежниот отпор на Унгарија. Ова само ја потврдува институционалната криза на Унијата…
Љупчо Поповски: Грција: Како нацијата доби држава?
Без помошта на Европа, Грција немаше да стане независна држава. Европа на младата држава ѝ донесе и крал. Европа беше инспирирана од идеализираните идеи за демократијата и Античка Грција, а Грците…
Дејан Азески: Железницата може да го спаси Скопје и Скопје може да ја спаси железницата
Доколку Скопје ги ревитализира старите три железнички траси (булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, онаа покрај Вардар и постоечката преку Скопје север) и ги приспособи за шински градски транспорт, тогаш Скопје преку ноќ би постанало…
Лидија Георгиева: КОЈ ЈА ПРАВИ МОЈАТА ОБЛЕКА?
Преку подигање на свеста на потрошувачите, на дизајнерите, на производителите, на препродавачите на облека и текстил, целта е да се стави фокус на одржливоста и на етичноста во индустријата…
Сузана Камберова: ФИЛОЗОФСКА ПРИКАЗНА
Од каде доаѓаме? Кои сме ние? Каде одиме? Има ли животот смисла и ако има која е? Постои ли Бог?
Емануел Рембер: Tenez!*
Тениските натпревари на земјена подлога се едни од најважните состојки во мојата компилирана религија. Да се додадат, за време на ручекот, џиновски солзи ….
Ѓорѓи Јаневски: On the Rocks
Не слушнавме што ѝ шепна на уво, но она што остана да го замислиме и да го фантазираме во нашите глави и срца е сто пати подобро од која било реплика што можела да ја напише Софија Копола (Sofia Coppola).
УБАВА МАКЕДОНИЈА: СЛОЕШТИЦА И ВИРОВО
Што е тоа што би ве мотивирало да ги посетите овие две соседни села лоцирани на источните падини на Плакенска Планина?.
Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.




