ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Виктор Мизо: Очекувања за 2026 година

Притисоците од напливот на кинески возила во Европа ќе биде голем предизвик за европската автомобилска индустрија

Во 2026 година, на глобално ниво очекувам намалување на геополитичките тензии и помалку конфликти (пред сè крај на војната во Украина). Ако тоа се случи, можеби во 2026 година ќе сме сведоци на благ и на умерен раст и помрднување од мртва точка, пред сè на германската економија, а со тоа и на економските активности во ЕУ. Глобално американско-кинескиот ривалитет ќе продолжи и ќе придонесе кон дополнително креирање на табори во светот (кој е со кого и зошто). Сметам дека без разлика на сите царински и трговски бариери, долгорочните стратешки потези на кинеската држава во изминативе децении нема да дозволат да дојде до лесна „победа“ и „предавање“ во однос на Американците. На локално поле − успех за сите нас ќе биде реализацијата на сите инфраструктурни проекти во рамките на планираното. Намалување на инфлацијата и поголема продуктивност се неопходни за дополнителен раст и за просперитет. Како компанија, КОСТАЛ Македонија ќе продолжи со растот согласно планот и новите проекти, иако на среден рок притисоците од напливот на кинески возила во Европа ќе биде голем предизвик за европската автомобилска индустрија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано