ЕКСТРА МЕИН − КУМАНОВО: Домашната месна индустрија изминатиов период работи во крајно отежнати услови

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?

Домашната месна индустрија изминатиот период работи во крајно отежнати услови, пред се во поглед на недостаток на свежо свинско месо. Со завршување на владината мерка за безцарински увоз на замрзнато свинско месо за преработка во јуни оваа година, постоечкиот прелевман на истото во висина од 27 денари по килограм, високата цена на електричната енергија, зголемената цена на свинското месо на светските пазари како и зголемените транспортни трошоци, негативно влијаат на годишниот биланс кај домашната месна индустрија.
Нелојалната конкуренција од соседството, каде што сите инпути во крајниот производ се далеку поевтини, а во отсуство на владината мерка и подготвеност на државата за законско решение на овој проблем, создава нееднакви услови на стопанисување на домашнитепроизводители во однос на странските месопреработувачи.

Повеќе од истиот автор

Најчитано