Електричните автомобили се расипуваат поретко од оние со бензински мотор, покажува анализата за дефекти на германската автомобилска асоцијација ADAC
Меѓу електричните автомобили регистрирани за прв пат во 2020-22 година одреден дефект е регистриран кај 4,2 од секои 1000. Кај возилата на бензин и дизел, тој удел е 10,4 на илјада.
Статистиката за дефекти покажува дека сигурноста на електричните автомобили се зголемува од година во година. Особен пад на фреквенцијата на дефекти е забележлив кај оние од последната набљудувана година.
ADAC го припишува ова на елиминирањето на „детските болести“ и слабостите што се појавија во почетното производство на електрични автомобили.
Батеријата, класичната батерија за стартување и на бензин и на електрични автомобили, е најчестиот дефект кај обете групи возила.
ADAC ги регистрира сите дефекти за кои екипите за помош на патот излегле на терен, пренесува Сеебиз.







