Еуроникел Индустри организира еднодневна екскурзија во Крушево за учениците со посебни потреби од училиштето „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Екскурзијата е организирана по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, со што компанијата уште еднаш покажа дека е пријател на штитениците од ова училиште и дека ги поддржува правата и инклузијата на лицата со посебни потреби.
При патувањето, децата беа запознаени со локалните знаменитости, со историјата на Крушево а ја посетија и спомен куќата на Тоше Проески, како голем хуманист и познат филантроп.
Еуроникел Индустри е долгогодишен пријател и поддржувач на паралелките за деца со посебни потреби при локалното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Поддршката од компанијата, што е значаен дел од општествената одговорност на Еуроникел Индустри, се состои во финансиска помош за потребите на училиштето, чести донации и организирани посети при семејни празници и дружби на претставници од компанијата со штитениците на школото.







