Европската Унија планира да формира голем инвестициски фонд за поддршка на компаниите кои развиваат проекти за клучните технологии, како што се микрочипови и квантна технологија.
Фондот ќе располага со 900 милиони евра и ќе биде наменет за исплати во следните три години. Првата транша во вредност од 300 милиони евра се планира да биде искористена следната година.
Целта на овој фонд е да се задржат клучните европски технолошки компании во ЕУ и да се „демотивираат“ да бараат средства надвор од европскиот пазар, пред се во САД, која вложува многу повеќе во фондовите за развој на технологиите.
Зависноста на ЕУ од надворешни ресурси во високата технологија и услуги се покажа како голема слабост на европската економија, а новата Европска комисија има за задача да го обезбеди „технолошкиот“ суверенитет на ЕУ.
Компаниите од новиот европски фонд ќе добиваат меѓу 10 и 30 милиони евра помош за инвестиции, кои ќе и овозможат на ЕК да има делумна сопственост во овие компании. Програмата ќе биде насочена за поддршка на команиите од напредните технологии, чистите технологии и биотехнологијата, а можат да се привлечат и приватни инвеститори за заедничко вложување, пренесува Н1.
фото freepic





