Управниот совет на Европската централна банка денеска одлучи да ги задржи референтната каматна стапка на главните операции за рефинансирање на 4,25 отсто, каматната стапка на депозитите на 3,75 отсто и маргинална каматна стапка на 4,50 отсто.
Управниот совет на ЕЦБ ги задржа и претходните процени за среднорочните изгледи за инфлацијата која, според јунската прогноза во 2024 година, изнесува во просек 2,5 отсто и ќе се намали на 2,2 отсто во 2025 година, додека во 2026 година ќе изнесува 1,9 отсто.
Инфлаторните притисоци во еврозоната се високи, како и високиот раст на цените во секторот услуги, а се проценува дека стапката на инфлација и следната година ќе биде над посакуваните два отсто, се наведува во соопштението на ЕЦБ.
Монетарната политика ќе продолжи да биде рестриктивна, а Управниот совет на ЕЦБ нема однапред да најавува одредено движење на каматните стапки, а тие ќе се утврдуваат врз основа на актуелните економски податоци и процени, објави „Еуроњуз“.
фото freepic







