Живко Мукаетов почесен конзул на Кралството Норвешка во Македонија

Денеска во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во присуство на министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници се отвори почесниот конзулат на Норвешка во Скопје.

За почесен конзул е назначен г-дин Живко Мукаетов, генерален директорна „АлкалоидАД“. Во своето обраќање тој истакна дека тој и неговиот тим ќе направат се за промоција на Кралството Норвешка и на билатералните односи меѓу двете земји кои се сојузници во НАТО, за унапредување на соработката

Покрај него свои обраќања на настанот имаа и Ајвинд Вад Петерсон, државниот секретар во норвешкото МНР кој порача дека Кралството Норвешка е сојузник на Северна Македонија и го поддржува нејзниот пат кон зачленување во Европската Унија, како и државниот секретар во МНР на Северна Македонија Иван Тосевски кој подвлече дека отворањето на почесниот конзулат претставува своевидна круна на годинашното одбележување три децении од билатералните односи меѓу Скопје и Осло.

Покрај неговата улога како почесен конзул на Кралството Норвешка во Скопје, г-дин Мукаетов во изминатите 16 години ја извршуваше функцијата генерален конзул на Кралството Данска.

Повеќе од истиот автор

Најчитано