Во соработка со МВР, служба за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен на излез на граничен премин Табановце, каде со мобилен скенер е извршено скенирање на автомобилот, при што се откриени бункери во праговите, информираат од Царинската управа.
Автомобилот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, инаку македонски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.
Околу 130 парчиња облека и обувки биле пронајдени во куфери и кеси сместени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички, со којшто двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.
Фото: Царинска управа





