„ЗАЧУВАЈТЕ ГИ РАБОТНИТЕ МЕСТА“, ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА СО ПОРАКА ДО УПРАВАТА НА „ФОЛКСВАГЕН“

Германската влада го повика „Фолксваген“ да ги заштити работните места, по објавувањето на плановите на компанијата за затворање на најмалку три фабрики во земјата и отпуштање на десетина илјади работниви.

Ставот на канцеларот Олаф Шолц е јасен, изјави еден од портпаролите на германската влада.

– Можните погрешни одлуки кои управата ги донела во минатотот не смеат да бидат на сметка на работниците, изјавил портпаролот.

„Фолксваген“ ќе затвори најмалку три фабрики во Германија, ќе отпушти десетици илјади вработени и трајно ќе ги намали своите останати фабрики во Германија, со што најголемиот автопроизводител во Европа планира подлабок ремонт од очекуваното.

– Менаџментот е многу сериозен околу ова. Ова е планот на најголемата индустриска групација во Германија да започне распродажба во својата матична земја, изјави Даниела Кавало, шефицата на работничкиот совет на „Фолксваген“, пред стотици вработени во Волфзбург, пренесоа медиумите.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано