Хрватските сточари со помалку молзни крави, говеда, овци…
Во текот на 2023 година во Хрватска има намалување на бројноста на говедата, молзните крави, свињите, козите овците и во живинарството, објави Државниот завод за статистика.
Лани вкупниот број на говеда во споредба со 2022 година е намален за 1,7 отсто. Минатата година продолжил надолниот тренд на бројот на молзни крави кој е намален за 10,1 отсто.
Падот на бројот на грла е видлив и во овчарството изнесува 14,2 отсто, а бројот на молзните овци се намалени за 11,2 отсто. Бројот на козите е помал за 11 отсто, а на свињите за 9,7 отсто.
Во споредба со 2022 годин, намалувањето во жининарското производство изнесува 1,6 отсто, но бројот кокошки е зголемен за 2,8 отсто, објави „Сеебиз“.
фото freepic







