ЗЛАТОТО ДОСТИГНА НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ, можното намалување на каматите од ФЕД причина за раст на цената

Цената на златото денеска за прв пат ја надмина цената од 2.500 долари за унца, а високиот раст беше поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД е се поблиску до одлуката за намалување на каматните стапки.

Цената на златото на попладневните тргувања достигна 2.500,16 долари за унца. Златото годинава поскапе за 20 отсто, а овој благороден метал се смета за добра инвестиција во услови на нарушена геополитичка безбедност.

Централните банки во повеќе земји се заинтересирани за златото и со неговото купување се обидуваат да ги подобрат државните резерви, но со тоа дополнително влијаат на растот на цените, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано