Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на публикација со препораки на тема „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“.
Промоцијата на публикацијата е соработка помеѓу Клубот за младински прашања и политики при Собранието и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел).
– Целта на публикацијата е да ги разгледа причините кои водат до појава на евроскептицизмот помеѓу младите, а особено да се фокусира на предлози, решенија и иницијативи кои националните власти, како и институциите на ЕУ би можеле во партнерство да ги преземат со цел справување со ваквите тенденции, како и овозможување на европски можности за младите од земјата и регионот, информира ИДУЕП.
На почетокот на овој месец публикацијата беше промовирана и во Европскиот Парламент во Брисел, каде настанот беше организиран во соработка со европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.
Фото Економија и бизнис







