Народната банка на Србија денеска објави дека секторот за информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) за седум месеци годинава оствари извоз во износ од 2,3 милијарди евра, што е за 20 отсто повеќе од истиот период лани.
Само во јули годинава извозот на ИКТ услугите изнесувале 362 милиони евра или зголемување од 29 отсто, соопштија од Канцеларијата за информатичка технологија и електронска управа.
Од јануари до август суфицитот во ИКТ услугите изнесува 1,78 милијарди евра.
Директорот на канцеларијата за ИТ и еУправа Михајло Јовановиќ рече дека канцеларијата заедно со Владата на Србија, продолжува поддршката на инторамичката индустрија, на талентите и стручњаците, кои влијаат на силен развој на ИКТ услугите во земјата, пренесува „Данас“.
фото freepic






