ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, ТЕМА НА РАБОТНАТА СРЕДБА НА АЗЕСКИ И ДИРЕКТОРОТ НИКОЛАУ ВО ТИТАН УСЈЕ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членови на Управниот одбор, на работна средба со Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН Усје во кругот на фабриката. Предмет на разговор се прашањата врзани за екологијата и индустријата.

ТИТАН Усје е компанија која повеќе години е дел од семејството на Комората, а согласно политиката да инвестира во севкупниот развој и раст на своите операции, водејќи се од принципите на зелената економија, идните инвестиции во модернизација, дигитализација и декарбонизација, е насочена кон постигнување оперативна извонредност, зголемена ефикасност на трошоците и зајакнување на конкурентноста.

Заштитата на животната средина, климатските активности и промоцијата на циркуларната економија се клучни елементи на стратегијата на ТИТАН Усје. Компанијата располага со јасна стратегија за декарбонизација и е меѓу првите во земјата што целосно ги имплементира ESG стандардите, што ги одразува нејзините амбициозни цели во однос на еколошките перформанси, општествениот придонес и корпоративното управување за периодот до 2025 година и понатаму.

Комората застапуваји ги интересите на своите членки, во своето делување, се води од принципот дека пред институците треба да се настапува аргументирано, со јасни параметри и анализи за секоја проблемтика која изискува креирање одредени политики, преземање чекори и носење одлуки за економскиот амбиент на делување.

Повеќе од истиот автор

Најчитано