Индија вложува над милијарда долари во вештачка интелегенција

Индија ќе вложи 1,2 милијарди долари во проекти за вештачката интелегенција (ВИ), кои ќе бидат искористени за поставување на компјутерска инфраструктура и финансирање на стартапите со вештачка интелегенција, се наведува во соопштението од индиското Министерство за информатичка технологија, пренесува АФП.

Оваа инвестиција ќе го позиционира индискиот систем на вештачка интелегенција како сила која ќе ја обликува иднината на ВИ во Индија и светот, изјавија од индиското министерство.

До 2027 година новиот пазар за вештачка интелегенција во Индија ќе достигне вредност од 17 милијарди долари. Оваа сума е мал дел од глобалниот пазар на софтвери за вештачка интелегенција, која би достигнала 297 милијарди долари. Индија има развиена голема индустрија за софтверски услуги, чиј раст почнува во 1990 година, а со влегувањето во зоната на вештачка интелегенција земјата станува закана за другите земји во светот, кои инвестираат во ВИ.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано