Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази подготвеност да изгради огромен ѕид по должината на северниот брег на Јава за да заштити 50 милиони луѓе од зголемување на нивото на морето.
Прабово објасни дека изградбата на ѕид долг 535 километри по должината на брегот на Северна Јава е решението на владата за зголемувањето на нивото на морето за околу пет сантиметри годишно поради ефектите од климатските промени.
Според претседателот, заканата од климатските промени би можела да загрози 60 проценти од националната индустрија на северниот брег на Јава. Постојат големи оризови полиња кои би можеле да бидат загрозени.
Тој нагласи дека државата има должност да ги заштити луѓето и стратешките средства на нацијата.
Изградбата на ѕидот, ќе чини најмалку 80 милијарди американски долари.
„Проектот е од клучно значење, тоа е мегапроект. Не знам кој претседател ќе го заврши, но мора да започнеме“, изјави Субианто, пренесува Радио 021.
Фото Економија и бизнис







