Индустриското производство во Хрватска во јуни годинава продолжи да се намалува, по седумесечен континуиран надолен тренд. Хрватскиот завод за статистика објави дека индустриското производство во јуни е намалено за 3,7 отсто во однос на претходниот месец, односно 8,3 отсто во споредба со истиот месец лани.
Производството на годишно ниво бележи пад во сите пет индустриски сектори, а најмногу во производството на трајни производи за широка потрошувачка, каде намалувањето е за 16 отсто,
Во секторот на енергијата падот на производството изнесува 14,2 отсто, а производството на капитални производи е намалено за 12,6 отсто, на нетрајните производи за широка потрошувачка за 6,5 отсто и интермедијарни производи за 3,5 отсто.
Во првите шест месеци од годинава индустриското производство падна за 4,3 отсто во однос на истиот период лани, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic






