ИНФЛАЦИЈАТА ВО НОЕМВРИ E 4 ОТСТО

Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4,0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,0 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0,5 %.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1,7 %, Рекреација и култура за 0,9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0,3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.

Главни поенти

Во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година:

  • Стапката на инфлација е 0,5 %
  • Во групата Транспорт е 1,7 %

    Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано