Годишната стапка на инфлација во Турција во јуни 2024 година се намали на 71,6 отсто во однос на мајската инфлација од 75,45 отсто. Ова е прво намалување на меѓугодишно ниво во Турција по седум последователни месеци на раст на инфлацијата, објави Турскиот институт за статистика Туркстат.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јуни се зголемиле за 71,6 отсто , цените на транспортот за над 65 отсто, услугите во хотелите и рестораните се поскапи за 90,67 отсто, додека цените на облеката и обувките се зголемени за 47.84 отсто. Во сите споменати категории растот на цените е понизок во споредба со мај годинава.
Турските власти преземаа пакет на мерки за штедење која требаше да помогне во ефикасноста на јавниот сектор и за справување со високата инфлација, пренесе „Танјуг“.
фото freepic







