Иљкова: Предизвик е Гевгелија да се најде на европската туристичка мапа со нејзините природни богатства

Општина Гевгелија е на добар пат кон европска Гевгелија, транспарентна општина во партнерство со граѓаните со една единствена цел − подобар и достоинствен живот за сите.
Носењето на буџетите е транспарентно и ги отсликува реалните потреби на граѓаните со контрола на трошењето. Се гради одговорно, квалитетно и домаќински по план со цел инфраструктура за сите подеднакво. Со унапредување на фискалната децентрализација, трансферот на нови надлежности на локалната самоуправа, подобрување на комуникацијата меѓу централната и локалната власт, општината е во насока на остварувањето на националните приоритети и цели во исполнувањето на стандардите за пристапување во ЕУ.
Предизвик е Гевгелија да се најде на европската туристичка мапа со нејзините природни богатства, со нејзината местоположба како европска порта која многу малку ги искористува своите потенцијали за развој на бањскиот, планинскиот и селскиот туризам. Потребно е да се стимулира иновативно решение според кое сонцето ќе биде извор на енергија, додека со помош на централната власт да се привлечат странски инвеститори во индустриската зона Прдејци која ќе овозможи креирање нови работни места, пристап до нови технологии, нови пазари, а со тоа ќе се постигне регионален економски развој.

Повеќе од истиот автор

Најчитано