Кадиевска Војновиќ: Мојата оценка е дека ќе влеземе во инфлациска рецесија

Комбинацијата на домашните и на надворешните фактори не дава изгледи за раст на македонската економија во 2023 година, но дава подлога за опстојување на високата инфлација. Мојата оценка е дека ќе влеземе во инфлациска рецесија. Продолжувањето на војната во Украина, затегнатите глобални услови за финансирање, нарушената надворешна рамнотежа, енергетските проблеми поради слабиот домашен менаџмент кои предизвикуваат високи фискални трошоци, ниската реализација на капиталните расходи, структурните слабости на пазарот на трудот и растот на платите без раст на продуктивноста, како и зголемените инфлациски очекувања се ризици во надолна линија за растот и нагорна за инфлацијата. Некоординираноста на фискалната и на монетарната политика е дополнителен фактор. Буџетот за 2023 година е инфлаторен, а монетарната политика преку раст на основната каматна стапка настојува да ги стабилизира инфлациските очекувања. Фискалната одржливост од ковид кризата наваму е нарушена при високо дефицитарно финансирање на буџетот веќе четврта година по ред. Нивото на јавниот долг на крајот од 2023 година ќе надмине 8,5 милијарди евра. Ернест Хемингвеј рекол: „How did you go bankrupt?“ Two ways. Gradually, then suddenly.”

Повеќе од истиот автор

Најчитано