Малкумина предвидоа дека светот по големата криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 ќе влезе во период на стагфлација, односно во период на висока инфлација и низок раст. Војната во Украина само ги засили започнатите трендови кај инфлацијата предизвикани од намалената глобална понуда кај некои суровини и примарни производи и застоите во синџирите на испорака.










