Калифорнија стана четврта најголема економија во светот

Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом.

Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економска анализа на САД, БДП на Калифорнија достигнал 4,1 трилиони долари, што е повеќе од јапонските 4,02 трилиони. Со тоа, американската сојузна држава се најде веднаш зад САД, Кина и Германија.

Од администрацијата истакнуваат дека економскиот раст на Калифорнија го надминува темпото на трите водечки економии – минатата година БДП на американската сојзна држава се зголемил за 6 отсто, а просечниот раст во периодот 2021–2024 година изнесувал 7,5 отсто.

Њусом предупреди дека на економијата на државата е под закана од, како што рече, „непромислената царинска политика на актуелната федерална администрација“, што може да го загрози понатамошниот економски напредок на државата.


Извор МИА

фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано