Киров: Oд голема важност е изградба на градска пречистителна станица за третман на отпадните води

Како компанија со доминантен шведски капитал и целосно извозно ориентирана компанија имаме солидна соработка со Општина Велес, која секогаш може да биде подобрена.
За успешно функционирање и развој на општините и реализација на нивните проекти многу е битно да продолжи децентрализацијата сè со цел повеќе пари да се слеваат во општинските каси и општините, меѓу кои и Општина Велес, за да бидат помалку економски, па и политички зависни од централната власт.
За подобрување на бизнис-климата и привлекување на странски и домашни инвестиции кои се важен предуслов за стабилен и одржлив економски раст, што поскоро треба да се донесе гасоводот на територијата на Општина Велес со што, покрај економската корист, ќе даде значаен придонес за намалување на загадувањето, пред сè на воздухот, но и на водите и на почвата.
Исто така од голема важност е изградба на градска пречистителна станица за третман на отпадните води како од населението, така и од дел од стопанските субјекти.
Велес има одлична местоположба и е поврзан со солидна патна мрежа, па со решавањето на еколошките прашања заедно со активностите што ги има општината за уредување на одредени туристички локалитети, посебно околу езерото Mладост, се нуди одлична можност за додатен развој на туризмот во општината што, секако, би имало позитивен ефект на целокупната економија во општината.

Повеќе од истиот автор

Најчитано