Колку изнесуваат патарините на главните туристички сообраќајници во Грција?

Пред туристичката сезона медиумите во Србија ги објавуваат цените на патарините во Грција, кои зависат од поминaтиот пат и крајната дестинација. Според информациите на Информер висината на патарините за главните патни правци кон приморските места во Грција, изнесуваат:

• Евзони – Халкидики: 2,95 евра

• Евзони – Тасос: 8,55 евра

• Евзони – Лефкада: 16,90 евра

• Евзони – Крф: 13,25 евра

• Евзони – Атина: 33,25 евра

• Евзони – Парга: 13,25 евра

• Евзони – Паралија: 5,70 евра

• Евзони – Аспровалта: 7,45 евра

Цени на патарина Солун – Атина

Постојат 11 патарини од Солун до Атина, а вкупната патарина е 33,25 евра.

Цени на патарина до Лефкада

Постојат 8 патарини од Евзони до Лефкада, а вкупната патарина е 16,90 евра.

Цени на патарина до Тасос

Постојат 5 наплатни рампи од Евзони до Тасос, а вкупната патарина е 8,55 евра.

Од преминот Дојран до Тасос има 4 наплатни рампи, а вкупната патарина е 5,90 евра.

Цени на патарина до Парга и Врахос

Постојат 7 наплатни рампи од Евзони до Парга и Врахос, а вкупната патарина е 13,25 евра.

Цени на патарина до Крф

Постојат 7 наплатни рампи од Евзони до Крф, а вкупната патарина е 13,25 евра.

Цени на патарина до регионите Олимпик и Солун

• Евзони – Паралија, Лептокарија и Неи Пори 5,70 евра

• Евзони – Аспровалта и Врасна 7,45 евра

Повеќе од истиот автор

Најчитано