Здружението за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ од Скопје (www.balkaneconomicforum.org) го реализира проектот “Практична обука за промени/Internships for Change” (финансиран од страна на програмата CIVICA MOBILITAS), кој ќе се спроведува во периодот од 1 септември 2017 година до 28 февруари 2018 година.
Основна цел на проектот е да ја подобри информираноста и свесноста за концептот на практична обука помеѓу студентите и компаниите и да обезбеди практични алатки за студентите, компаниите и Владата, со цел овој концепт поуспешно да се организира и спроведува во блиска иднина.
Врз основа на настанот “Семинар за потребите и очекувањата на компаниите, 6 октомври 2017” се дојде до следниве резултати:
- Вештини
За да се вработат, учениците треба да ги имаат следните вештини:
– Екстраверзија при презентирање
– Практични вештини за секторот, развиени од пракса
– Англиски јазик (неопходен) + друг странски јазик
– Критичко размислување
– Комуникација
– Тимска работа (клучно за секоја работа)
– Продажба и маркетинг (корисни за многу професии)
– Групни одлуки
– Креативно размислување
- Лични карактеристики
За да се вработат, учениците треба да бидат:
– На време
– Да имаат желба да учат и да продолжат да учат
– Подготвени да работат повеќе од она што е потребно
– Фини
– Брзо пролагодливи на новата работна средина
- Образование
За да се вработат, студентите треба да имаат:
– пракса
– искусен ментор додека се на пракса
– Сертификати од обуки, курсеви и настани
НО!
– Добрите оценки не се толку важни колку што мислат учениците
– Добро е да имате универзитетска диплома, но тоа не е пресудно за вработување
– Практично искуство и сертификати се поважни од универзитетската диплома
– Дипломата не е толку потребна колку што е важно практичното искуство
- Совети
За да се вработат, учениците треба да се обидат да:
– Размислат кои се големите играчи во индустријата
– Ги контактираат сите фирми каде што би сакале да волонтираат







