Соединетите Американски Држави во првото тромесечие годинава за првпат ја надмина Кина, по нејзината 18 месечна доминација, според вредноста на увозот од земјите од АСЕАН. Во периодот јануари-март 2024 година земјите од Асоцијацијата на нации од југоисточна Азија, во САД извезле производи во вредност од 67,2 милијарди долари, а во Кина (без Хонг Конг) извезле 57 милијарди.
Постојат повеќе причините за порастот на извозот во САД, но тие се должат главно на трговската војна меѓу САД и Кина, односно повисоките царини што Вашингтoн ги воведе за кинеските компании. Големо влијание има и неизвесност која е присутна во градежниот сектор во Кина.
Наспроти ова, САД го зголеми увозот на производи од електронската индустрија и стоки за широка потрошувачка од државите, како што се Виетнам и Малезија, со намера да го намали геополитичкиот ризик и да се заштити од растот на цената на кинеските производи. Американските санкции против Кина влијаеше и на селење на кинеските производители, кои сакаат да ги задржат пазарните позиции во САД.
Од земјите од југоисточна Азија, Виетнам е најголем извозник во САД со 25,7 милијарди долари. На второ место е Тајланд со 12,6 милијарди долари. Сингапур остварил извоз од 12 милијарди долари, пренесе РТС.
фото freepic







