На 11 ноември 2016 година во полната сала на хотелот Холидеј Ин, Скопје, се одржа конференцијата „Перспективи 2016“ во организација на бизнис магазинот „Економија и бизнис“. Темата на конференцијата беше „25 години независност на Република Македонија, што научивме за македонската економија и како понатаму?
Во поздравното обраќање, Зоран Јовановски од „Економија и бизнис“ ја елаборираше мотивацијата за конференцијата. Тој посочи дека е потребно да разговараме за стратешки важни економски прашања и дека за нив мораме да градиме консензус во општеството . Јовановски истакна дека за мирна и стабилна иднина мораме да дефинираме црвени економски линии за македонската економија за кои ќе постигнеме консензус дека се долгорочен економски приоритет.
На панелот 1 имаше динамична дискусија за тоа какви економски политики ѝ се потребни на Република Македонија за наредните 25 години. Модераторот Глигор Бишев издвои 4 теми како стожерни точки за дискусија, за кои дебатираа гувернерот Димитар Богов и професорите Александар Стојков, Никица Мојсоска Блажевски и Марјан Петрески. Едно од клучните прашања што се провлекуваше низ дискусиите беше потребата да се предвиди какви професионални профили ќе се бараат во иднина и како за тие потреби соодветно да се адаптира системот за образование во Република Македонија.
Панелот 2 беше наменет за бизнисмените. Со модерирање на професорот Горан Петревски, дебатираа Кочо Анѓушев, Штефан Петер, Неби Хоџа и Миливоје Ѓорѓевиќ. Во многу отворена дискусија беше истакната потребата во земјава да се посвети многу поголемо внимание на домашните компании, како клучен двигател на растот, покрај дополнителните поволни ефекти што ги носат странските инвестиции. Притоа, мора да се слушне и гласот на бизнис секторот од Северо-западна Македонија, а Македонија мора да верува дека може да биде успешна и на глобалниот пазар, за што одличен пример е компанијата FX3X, која произведува специјални ефекти за филмовите од Холивуд.
Панелот 3 беше посветен на регионалната економска интеграција, перспективите за тоа, европскиот пат на Македонија, искуствата на земји од регионот. Со модерирање на Зоран Јовановски на панелот дебатираа Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на ЕУ, Светозар Јаневски, Бранко Азески, Иван Штериев и Татјана Јакоби од Белград. Се разговараше за тоа како ЕУ го перцепира регионот, за предизвиците и решенијата за тие предизвици на патот кон поголема регионална економска интеграција.
Расположението на учесниците на крајот од конференцијата упатува на потребата оваа конференција да прерасне во редовен годишен настан.
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
%20(Large).jpg)
За повеќе фотографии од конференцијата посетете ја нашата facebook страница







