Како до подобри услуги за жителите на Општина Битола? Постојат можности, ограничувања, предизвици. Целта на Општина Битола во минатото и денес е да биде водечка локална самоуправа во југозападниот регион на РС Македонија. Ваквите цели бараат квалитетна и навремена услуга на голем број на потреби на граѓаните на Општина Битола. За таа цел, во моментов Општината ја остварува преку стабилизирање на буџетската одржливост, транспарентноста во реализацијата на буџетските програми, функционалноста на локалните јавни претпријатија, инвестициски вложувања во образованието, спортот и културата, како и во екологијата, односно здрава животна средина. За остварување на наведените потреби и дополнително во останатите надлежности на локалната самоуправа потребен е поголем финансиски капацитет на локалната самоуправа. Според мене, можноста тоа да се реализира ја насочувам во зголемена фискална децентрализација во државата, додека пак ограничувањата во услугите на граѓаните ги лоцирам во секторите на локалната самоуправа каде што е потребна професионализација во недостиг на едуцирани и адекватни административни службеници кои ќе ги подобрат услугите на граѓаните преку навремено препознавање, правилна насока и решавање на барањата на граѓаните. Приоритетен предизвик на локалната самоуправа е градењето на партнерски однос со приватниот сектор и бизнис-заедницата во зависност од нивните потреби, кој особено е важен за развој на Општина Битола, но и индиректно со тоа и во подобрување на услугите и потребите на жителите на Општина Битола.







