Костадинов: Отворањето на можностите на граѓаните корелира со претходно добро сондирана социо-економска структура на жителите од општината

Отворањето на можностите на граѓаните корелира со претходно добро сондирана социо-економска структура на жителите од општината со нивното образование, а перспективите од апликацијата на проекти ќе овозможат паралелен образовно-технички и инфраструктурен развој кој е поддржан од локалниот буџет, а креиран преку форумот на заедници кој се одржува пред секоја буџетска година.
Со примена на светските практики имплементирани во локалните комуни, а опфаќајќи ги сите категории на граѓани, општината добива препознатливост и белег кој е препознатлив за младите генерации кои овозможуваат одржливост и подобра иднина со својот ангажман.
Одржливоста зависи од користењето на еколошки енергенс, континуиран образовен процес, поврзаноста со информациските системи и адаптацијата на локалниот економски сектор во нивно вработување.

Повеќе од истиот автор

Најчитано