КОЈ Е НАЈДОБАР АЕРОДРОМ ВО ЕВРОПА?

Римскиот аеродром „Леонардо да Винчи“, познат и како Фјумичино, денеска осми пат по ред е прогласен за најдобар во Европа во категоријата на аеродроми со над 40 милиони патници, а оваа награда ја заслужи за високиот квалитет на услугите што им ги нуди на патниците.

Аеродромот Фјумичино, доби рекордна оценка од 4,61 на скала од еден до пет во 2024 година, е рангиран на прво место меѓу сите 119 европски аеродроми кои учествуваат во истражувањето, според проценката на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Помалиот аеродром во Рим „Џовани Батиста Пастин“ исто така беше прогласен за најдобар во Европа во категоријата од два до пет милиони патници.

Оваа одлука е деонесена врз основа на анализа на преференциите и стапките на задоволство на околу 700.000 патници на повеќе од 360 аеродроми, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано