Општина Струмица мора да биде поактивна во справувањето со предизвикот и помагањето како на лицата со попреченост, така и на останатите групи граѓани кои на кој било начин се среќаваат со пречки при остварувањето на своите права во секојдневното живеење.
За одбележување е дека преземајќи ја одговорноста пред целните групи граѓани, општината со поддршка на организациите на лица со попреченост мора поактивно да работи на зајакнување на механизмите и нивна инклузија преку различни сервиси.
Неопходно е општината да ги преземе сите неопходни и дополнителни мерки за да се придонесе за зголемување на пристапноста до општинските услуги и разумно да ги прилагоди, односно услугите да бидат инклузивни и да вклучуваат лица со попреченост, припадници на малцински етнички и верски заедници итн.
Пристапноста на општинските услуги за жителите од руралните средини и колку тие услуги се прилагодени за адресирање на проблемите од тие средини е исто така предизвик со кој треба општината поактивно да се занимава.







