Во Македонија во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреацијакои учествуваат со 19.9 %,
99 доградби, надградби и адаптации (13,1 %), 77 деловни објекти (10,2 %), 49 гаражи
(6,5 %), 147 огради (19,4 %), 8 скалила (1,1 %), 14 тераси (1,8 %), 20 летни тераси (2,6 %), 93 натстрешници (12,3 %), 26 времени објекти (3,4 %) и 73 помошни објекти (9,6 %), објави денеска Државниот завод за статистика.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Најголем број бесправно изградени објекти, 93,8 %, се во приватна сопственост
- Најмногу бесправно изградени објекти, 19,9 %, се за домување






