Заедно со приватниот инвестициски фонд Блекстон (Blackstone), фамилијата основач на Лего (Lego), Киркби (Kirkbi), ќе го откупат целиот преостанат дел од компанијата Мерлин (Merlin) која во моментов претставува доминантен сопственик и менаџира со познатите тематски паркови Леголенд (Legolend), a во своето сопственичко портфолио ги има и познатите музеи „Мадам Тисо“. Според договорот кој се проценува на над 7,5 милијарди долари, Киркби ќе се стекнат со 50 % од сопствеништвото на Мерлин и ќе го преземат менаџирањето со тематските паркови, додека Блекстон и останатите инвеститори ќе ги распределат останатите 50 % од компанијата. Инвестицискиот фонд Блекстон е доминантен сопственик на Мерлин уште од 2004 година за подоцна да ги преземат тематските паркови Леголенд од Киркби, договор со кој фамилијата основач на Лего задржува 30 % од Мерлин, но без менаџерски обврски. Овогодинешниот договор ќе обезбеди Леголенд буквално да се врати на Лего, што претставува и дел од современиот тренд на инвестициски трансформации изминатиов период во кој фамилиите основачи на големите брендови ги преземаат назад управувачките пакети во компаниите.






