Лозаноска: Tреба да се формира одделение од стручни кадри кои постојано ќе се грижат за ранливите и маргинализирани групи граѓани

Најголемата потреба за реформи во Општина Прилеп за подобрување на услугите за жителите јас ја согледувам во секторот на комунални услуги. Речиси сите локални јавни услуги (водоснабдување, канализација и цврст отпад, јавно осветлување, чистење улици и паркови, пазари, гробишта) се обезбедуваат преку општински претпријатија за комунални услуги. Во сите овие претпријатија треба да постојат сектори за комуникација со граѓаните и да ги следат поплаките и сугестиите од граѓаните и навремено да реагираат на нивните барања. Пред сè треба да се воведе електронско плаќање на услугите во сите локални општински претпријатија. Во градскиот превоз треба да се воведат нови линии со што би се овозможило движење на граѓаните во сите правци на градот. Во општината треба да се формира одделение од стручни кадри кои постојано ќе се грижат за ранливите и маргинализирани групи граѓани и ќе ги решаваат нивните проблеми.

Повеќе од истиот автор

Најчитано