За жал, ситуацијата со корона кризата и пандемијата со која се соочуваме го ограничи движењето на луѓето и сериозно е отежнато функционирањето на граѓаните. Сведоци сме дека во Охрид, кој е и воедно и еден од најпогодените градови од вирусот, мораше општинската зграда да ја затвори за физички посети на странки и граѓаните навистина тешко ги добиваат општинските услуги од општината како институција. Сепак, сметам дека поучени од оваа криза општината мора да се насочи кон дигитализација и нови онлајн методи на функционирање. Преку дигитализирана општина се отвораат многу можности за поедноставно и побрзо решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, но исто така дигитализацијата и новите трендови може да се искористат во насока на зголемување на транспарентноста на општината. Новите предизвици налагаат континуирано следење на новите трендови и, за жал, можам да констатирам дека сè уште не се користат модерните алатки кои се на располагање.







