Како што изјави финансискиот директор на Мекдоналдс Кевин Озан, американскиот синџир ресторани за брза храна планира да инвестира околу 2,4 милијарди американски долари во реновирање на постојните и отворање нови илјада ресторани во светот оваа година. Според последните податоци, компанијата во последниот квартал од минатата година на светско ниво остварила приход од 5,35 милијарди долари, што е
5,5 % повеќе од очекувањата на аналитичарите што прогнозираа приход од 5,26 милијарди долари. Овој раст на територијата на САД изнесува 4,5 %. „Нашиот бизнис е во пораст и во моментов стои на цврсти основи. 2017 година е најдобра според перформансите на компанијата во изминативе шест години и според тенденциите овој успех ќе продолжи и во наредниот период“ – изјави Стив Истбрук, главниот извршен директор на компанијата. Според него, успехот најмногу се темели на повратот на дел од пазарот, како и освојувањето на нови сегменти од пазарот, пред сè во делот на доставата и мобилните нарачки.







