Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови, на 03.12.2024 (вторник), во 18:30 часот, на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии – Руѓер Бошковиќ 18, Скопје.
Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 500 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од три пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 02.12.2024.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за сите крводарители, наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.







