Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се намали на 48,58 отсто, со минимален пад од септемвриската инфлација од 49,58 отсто, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат). Ова е петти месечен последователен пад на меѓугодишната инфлација во Турција и е на најниско ниво од јули 2023 година.
Цените за домување, вода, струја и гас се зголемија за 89,39 отсто, а цените на транспортот за 26,14 отсто. Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во октомври пораснаа за 45,28 отсто, но со побрзо темпо од септември кога имаа раст од 43,72 отсто.
На месечно ниво инфлацијата порасна за 2,88 отсто, а највисок раст имаа цените за облека и обувки, за повеќе од 14 отсто, објави Туркстат.
Централната банка на Турција на 17 октомври одлучи по седми пат да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто, пренесе „Политика“.







