Мирчев: И во годината што претстои ќе се стремиме кон ефикасен дијалог со нашите корисници, сè со цел овозможување врвно корисничко искуство

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија:

Очекувам година на постпандемиско опоравување во кое искрено се надевам дека сите субјекти ќе дадат максимум напори во создавање амбиент за постигнување стабилизација на сите полиња во социо-економскиот живот во земјава.
Она што го научивме досега нè зајакна и нè направи уште посилни во справувањето со вонредни состојби. Научивме дека можеме да се соочиме и многу брзо да се адаптираме на непредвидени предизвици, уште повеќе да внимаваме и да се грижиме за здравјето, успешно да се работи од далечина, па дури и успешно да се одвива онлајн наставата.
Сето ова придонесе технологијата забрзано и длабоко да навлезе во секојдневието на секој поединец и деловен субјект што, за А1 Македонија како компанија од телекомуникацискиот сегмент и провајдер на дигитални услуги, претставува само зацврстување во намерата да бидеме носител на дигитализацијата за сите. Придобивките од дигитализацијата што ги согледавме сите не само што ќе продолжат да живеат и понатаму туку и ќе доживуваат напредок и усовршување. Тоа е и нашата мисија – да ја донесеме дигитализацијата во секој дом, за секое семејство, за секој деловен субјект, да го направиме секојдневието едноставно и да понудиме алатки за нашите деловни корисници кои ќе го направат водењето бизниси уште поефикасно.
И во годината што претстои ќе се стремиме кон ефикасен дијалог со нашите корисници, сè со цел овозможување врвно корисничко искуство.

Повеќе од истиот автор

Најчитано