МИЦКОСКИ: НАШИТЕ НЕДОСТАТОЦИ ДА ГИ ПРЕТВОРИМЕ ВО ПРЕДНОСТИ ЗА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЗЕНИЦИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

– Не можеме преку ноќ да да го промениме системот кој делувал повеќе години. Ни треба време за да ја исполниме стратешката цел. Ние немаме море но тоа може да биде и нашата предност, бидејќи се наоѓаме на крстосница меѓу двата главни европски коридора 10 и 8 и со нивно целосно завршување ќе ни даде геостратешка предност, изјави премиерот Хрситијан Мицкоски, пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија.

– Наш главен приоритет е економија. Во последните 4 месеци со нашето однесување и функционирање се обидуваме да ја смениме перцепцијата и да ја вратиме надежта. Остануваме фокусирани на нашите цели: бизнисмените да бидат поуспешни, а тогаш и ние ќе имаме повеќе приходи во буџетот и да испорачаме повеќе за граѓаните. Затоа, ви порачувам да не гледате како ваш партнер и сојузник, изјави Мицкоски.

Во своето излагање пред бизнисмените премиерот Мицкоски рече дека го поддржува намалувањето на каматната стапка од Народна банка и очекува да продолжи со релаксираната монетарна политика, а со тоа и повеќе инвестиции во основни средства и инвестиции, а помалку во потрошушачка.

– Моја стратешка цел е да бидеме тројна раскрсница во регионот. Тоа е мојот сон и реално сум фокусиран во мојот мандат. Ние сме земја која нема излез на море, нема природни ресурси, нафта и гас. Тоа се нашите недостатоци, но умешноста е во нас овие недостатоци да ги направиме да бидат предност. Мораме да чекориме многу побргу од другите земји кои имаат и поголема продуктивност од нашата економија. Мораме да бидеме видливи и да влеземе во зеницата на големите инвеститори, инаку нема да успееме, рече Мицкоски.

На конференцијата се најавени анализа на Блумберг Адрија „Unlocking Growth: Economy & Capital Markets in North Macedonia“ и две панел дискусии.

Најчитано