ММФ: Кина мора да го забрза преминот кон модел на раст базиран на домашна потрошувачка

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува економски раст на Кина од 4,5 проценти во 2026 година, што е зголемување од 0,3 процентни поени во споредба со претходната октомвриска проекција, но во исто време предупредува на слаба побарувачка во земјата поради долгорочната криза на пазарот на недвижности и други фактори.

Според аналитичарите на ММФ, Кина мора да го забрза преминот кон модел на раст базиран на домашна потрошувачка, со посилни фискални стимулации, посилна социјална заштита и поддршка за секторот на недвижности за да се намали зависноста од извозот. Слабата домашна потрошувачка доведе до дефлациски притисоци и зголемена зависност од странската побарувачка, оставајќи ја кинеската економија ранлива на глобалните промени.

Од ММФ препорачуваат  властите во Пекинг да преземат посилни фискални стимулации, намалување на јавните инвестиции во одредени индустрии и поголем фокус на поддршка на домаќинствата и купувачите на недовршени станови.

Според проценката на Фондот, предложените реформи би можеле да го зголемат учеството на потрошувачката во БДП за околу четири процентни поени во следните пет години, што би го направило растот на Кина постабилен и помалку зависен од надворешната побарувачка. Кина во моментов придонесува со околу 30 проценти во глобалниот економски раст, поради што преминот кон поодржлив модел на развој би имал значително позитивно влијание и врз светската економија, пренесува НИН.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано