Муцунски: Голем е потенцијалот за интензивирање на економската соработка со Словачка

Автомобилската индустрија и енергетиката се само некои од секторите во кои Македонија и Словачка може да ја интензивираат економската соработка, а потенцијалот за зголемување на деловното партнерство е голем – оцени денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, што се одржува во Скопје.

Како што рече Муцунски, форумот е одлична можност за директни средби на стопанствениците од двете страни.

– Ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции туку и на  зголемување на извозните потенцијали – истакна министерот.

Тој и неговиот словачки колега Ладислав Каменицки се очекува да го отворат форумот, на кој се присутни претставници на голем број компании и од Македонија и од Словачка.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано